Македонскиот шампион, екипата на Вардар од 13 часот во Монако го очекува ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа.
По најголемиот успех во својата историја, „вардарци“ сега ги очекуваат настапите во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Пред ждрепката, како и секогаш меѓу фудбалските фанатици, различни се размислувањата околу тоа какви противници сакаме за македонската екипа: Атрактивни, звучни европски имиња кои би гостувале во Скопје, или екипи со кои би се надигрувале и со можност за европска пролет.
Погледнувајќи ги можните противници на Вардар, а согласно УЕФА рејтинг коефициентот на екипите но и според актуелните информации за секоја поединечно, лесно се издвојуваат најтешката можна и најлесната можна група во која би можел да се најде македонскиот шампион.
Според првичните впечатоци, Милан, Евертон и Хофенхајм во група за Вардар, без сомнение би била супер атрактивна група за есенско натпреварување на „црвено-црните“.
А, во желбата и за европска пролет, повеќе од посакувана група би била: Брага, БАТЕ Борисов и Хапоел Бер Шева. Се е можно…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

