Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Ѓорѓев го имаше своето деби во дресот на Твенте во холандското фудбалско првенство. Тој беше стартер за својот тим на гостувањето кај шампионот Феенорд, во поразот од 2-1.
Твенте имаше реми по првиот дел (1-1), но Бергхуис во 60.минута го постигна победничкиот погодок за Феенорд на овој меч.
Ѓорѓев беше на теренот до 75.минута, кога на негово место во игра влезе Ајсак Бакли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА