Звонко Шундовски седнува на селекторското столче на Израел

Македонскиот ракометен стратег Звонко Шундовски ќе биде нов селектор на Израел. Тој ќе го наследи Шахар Хабер и ќе ја предводи селекцијата на Израел во наредните квалификации за Светското првенство.

За името на Шундовски е врзан и најголемиот успех на макеоднскиот репрезентативен ракомет, петтото место на Европското првенство во Србија пред пет години, па тоа беше одлична препорака и за челниците на Ракометната федерација на Израел.

50-годишниот Звонко Шундовски во изминатиот период работеше во Романија, каде ги водеше Констанца и ЧСМ Букурешт.

 

Се вчитува...