Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата натпревари кои не очекуваат наредниве денови, пријателскиот против Турција на 5. јуни (19:45 часот) и квалификацискиот против Шпанија на 11. јуни (20:45) на националната арена во Скопје.
Во стројот на селекторот Игор Ангеловски се приклучија Горан Пандев и Илија Несторовски а од утре на селекцијата треба да се приклучат уште Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски кој денеска го игра последниот натпревар за Лугано во швајцарскиот шампионат.
Офанзивниот фудбалер на Шкендија, Ферхан Хасани вели дека ова е нова добра прилика за Македонија да се покажеме во најдобро издание на големата фудбалска сцена, верувајќи дека можеме до позитивни резултати…
„Сите ние имаме прилика да одиграме два големи натпревари – против силниот состав на Турција, а потоа и квалификацискиот дуел со една од најдобрите светски репрезентации, Шпанија. Македонија во претходните неколку натпревари покажа дека има одлични фудбалери и не се плашиме – веруваме во нашите квалитети. Во оваа селекција има талентирани фудбалери со многу потенцијал. Одново имаме прилика да се покажеме во најдобро издание на големата фудбалска сцена и сигурно е дека ќе бидеме 100 проценти во натпреварот против Турција, бидејќи фокусот сега е кон првиот дуел, а потоа и против Шпанија“ – вели Ферхан Хасани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА