Во Лондон се слави: Сака носи водство на Арсенал

Арсенал има предност од 1-0 по првото полувреме од реваншот од полуфиналето во ЛШ во кој „топчиите“ за ривал го имаат Атлетико Мадрид.

Очекувано, ниту овој дуел не донесе премногу шанси и возбудувања, но лондонскиот клуб сепак стигна до водство благодарение на Букајо Сака.

По една долга акција Тросар шутираше од десетина метри, Облак успеа да одбрани, но Сака се најде на вистинското место и одбиената топка ја смести во мрежата.

Водечкиот гол на Сака на овој суперзначаен меч може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...