Митревски со 15 одбрани се прости од Бенфика

Никола Митревски со стил го одигра последниот натпревар во дресот на Бенфика. Македонскиот репрезентативен голман влезе во игра на средината од првото полувреме и запиша 15 одбрани во градското дерби во кое Бенфика загуби од Спортинг со 25-23.

Спортинг Лисабон ја прослави шампионската титула, а Бенфика ја заврши сезоната на 3.место во португалското превенство, зад Спортинг и Порто.

Никола Митревски во 2015 година од Металург се пресели во Бенфика и во своето прво интернационално искуство, имаше две успешни сезони во португалскиот клуб. Наскоро ќе биде познато и која ќе биде следната клупска дестинација за голманот на македонската репрезентација. Неофицијално, Пелистер е заинтересиран да го врати Митревски во Битола, но во опција се и неколку понуди од странски клубови.

Се вчитува...