Арсенал ја оствари третата последователна победа во Премиер – лигата, совладувајќи го Стоук на гостински терен со 1-4. Сега „топчиите“ имаат само бод помалку од Ливерпул во трката за третата позиција, која носи во Лигата на шампионите, пред последните два меча до крајот на шампионатот.
Оливие Жиру го отвори резултатот во корист на Арсенал во 42.минута, а Месут Озил зголеми на 0-2 во 55.минута. Питер Крауч намали на 1-2, но потоа Алексис Санчез и Оливие Жиру со својот втор гол ја заверија победата на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА