ВИДЕО: Голем кикс на Гачевски – прими гол од 30 метри, Силекс води со „вардарци“

Силекс има предност против Вардар од 1-0 од 29. минута на натпреварот од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ефтимов донесе предност за кратовци, но благодарение само на киксот на голманот на гостите, Филип Гачевски кој лошо ја процени топката.

Домашниот фудбалер испрати центаршут од левата страна, од повеќе од 30 метри, но топката отскокна пред голот на Вардар и го изненади Гачевски…

Но, Вардар ќе има и играч повеќе до крајот на мечот по страотниот старт на Донов во 31. минута, по што доби директен црвен картон.

Се вчитува...