Бордот на претседатели на Светската Кик-бокс Федерација-WAKO вчера во Инсбрук, Австрија, го потврди домаќинството нашата земја на Европското првенство за кадети и јуниори во кик бокс кое ќе се одржи во Македонија од 2 до 10 септември во Скопје.
По официјијалното прогласување веднаш беше потпишан и договор помеѓу со Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) и првите луѓе на WAKO организацијата. Договорот го потпишаа претседателот на КБФМ, Дејан Митровски – Урко потоа Борисав Пелевиќ кој е претседател Светската кик бокс организација и Рој Бејкер, првиот човек на WAKO Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА