Фудбалот што го прикажаа Пари Сен Жермен и Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите беше толку добар што сè друго сега изгледа лошо.
Затоа Весли Снајдер, легенда на холандскиот фудбал, рече дека натпреварот на Арсенал против Атлетико Мадрид требало да биде прекинат во 35-тата минута – бидејќи ниту еден од нив не заслужувал да се квалификува во финалето на Лигата на шампионите.
„Веќе по 35 минути реков дека УЕФА мора да интервенира. Треба да се јават во Лондон и да кажат: двата тима да се тргнат од теренот, а финалето во ЛШ е помеѓу Баерн и Пари Сен Жермен“, рече Снајдер за „Зиго Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
