Баерн Минхен преговара со 16-годишниот Кварацхелија

Баерн Минхен е во преговори со младиот Торнике Кварацхелија, 16-годишниот грузиски талент и брат на далеку попознатиот Хвича Кварацхелија, кој настапува за ПСЖ.

Според италијанските медиуми, Баерн и некои други гиганти го следат настапот на младиот фудбалер. Во саботата крилниот напаѓач беше во составот на сениорскиот тим Динамо Тбилиси и тоа за првпат, но не доби шанса за настапи.

По овој меч Кварацхелија отпатувал во Германија да се сретне со раководството на „Баварците“. Денеска неговиот постар брат Хвича ќе игра во Минхен и тоа против Баерн во битка за влез во финалето.

Се вчитува...