Артета: Чувството е фантастично, овој тим ме импресионираше

Во помалку возбудливиот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите, Арсенал тесно го победи Атлетико Мадрид со 1-0 и се пласираше во финалето. Букајо Сака постигна гол во 45-тата минута.

По натпреварот, тренерот на „топџиите“, Микел Артета, беше еуфоричен.

„Беше неверојатна ноќ што ја доживеавме заедно со играчите и сите други од клубот. Чувството е фантастично. Сè што правиме и низ што поминуваме сега има смисла. Гледам среќни и горди лица околу мене. Од самиот почеток беше неверојатно. Навивачите нè пречекаа надвор од стадионот, ни ја пренесоа својата енергија и страст. Тие поставија стандард, а ние го следевме. Со години сакаме да ги направиме горди“, рече Артета и додаде:

„Она што најмногу ме импресионираше кај мојот тим беше нивната заедништво. Ги собрав на последниот тренинг и им се извинив. Им реков дека истиот тим ќе игра како и минатиот пат. Сите ми рекоа дека одлуката е моја и дека се подготвени за сè што им е потребно. Потоа ме прегрнаа.“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...