Една од најатрактивните спортистки во светот, српската атлетичарка Ивана Шпановиќ секогаш е интересна за разговар, и поради своите врвни резултати, и поради својот шарм и поради постојаната скромност која некако се издвои како нејзин заштитен знак.
Девојката од Зрењанин, во разговор за магазинот Оригинал, вели дека никогаш не сакала да ја „толкуваат“ како секс симбол иако ги има сите предуслови за тоа…
„Никогаш не сум се доживувала така. Со титулата за најдобра во спортот, често без никакви потреби ми се припишуваат и други епитети. Добро, свесна сум и за својот изглед но секогаш ми било најважно да го покажувам својот квалитет само во тоа што го работам. Атлетиката отсекогаш била атрактивна за гледање и поради убавите девојки. Не е тајна дека атлетичарките се згодни, но и женствени покрај се“ – вели Шпановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА