Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, се приклучи на тренинзите по повеќе од еден месец отсуство и рехабилитација во Белгија.
На крајот на март, Наполи објави дека ја разгледува можноста за отстранување на белгискиот фудбалер од тимот, бидејќи тој не се појави на тренинг кога беше договорено. После тоа, клубот објави дека го задржува правото да преземе дисциплински мерки и да одлучи дали да го задржи играчот во тимот.
„Ромелу Лукаку се врати во тренинг центарот на Наполи и работи индивидуално“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Лукаку беше повикан во репрезентацијата на Белгија за пријателските натпревари против САД и Мексико во март, но одби да се приклучи на тимот за да се врати во форма по сезоната полна со повреди.
Фудбалерот доби дозвола од клубот да биде на рехабилитација во Белгија, но фудбалерот одби да се врати во Неапол за време на репрезентативната пауза во март. Бидејќи беше во Белгија без дозвола, клубот го казни, а неговиот статус во тимот беше замрзнат.
Тешко дека ќе игра натпревари Белгиецот до крајот на сезоната, и веројатно ќе биде продаден на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
