Во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Словенија, Олимпија Љубљана со пресврт славеше против Марибор со 2-1.
На дуелот кој се играше во Љубљана, асистент на победничкиот погодок за Олимпија беше македонскиот младински репрезентативец, Даниел Аврамовски.
* Асистенцијата на Даниел Аврамовски може да ја погледнете на временскиот исечок – 2:15…
Кире Ристевски, пак, успеа со Вашаш да се пласираат во полуфиналето од Купот на Унгарија елиминирајќи го Ујпешт на Енис Барди и Виктор Ангелов.
На реванш пресметката Ујпешт на гостински терен славеше со 0-1, но поради претходната гостинска победа на Вашаш од 2-1, со гол на гости, тимот на Ристевски продолжува во полуфиналето. На вчерашниот натпревар Кире Ристевски и Енис Барди го одиграа целиот натпревар за своите тимови, додека Виктор Ангелов не се најде во составот на Ујпешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА