Некогаш најдобриот боксер во светот, Ивандер Холифилд, се враќа во рингот. Поранешниот петкратен светски шампион во тешка и во полутешка категорија, во 54.година од животот ќе буксува на хуманитарен меч што ќе се одржи на 25 мај во Лагос. Противник на Холифилд ќе му биде 65-годишниот нигериски политичар Бојл Тинубуа.
Целта на овој хуманитарен меч прв од ваков вид што ќе се одржи во Африка е да се соберат 2 милиони долари кои ќе бидат наменети за купување на медицински материјал за помош на болните во Лагос и во околните места.
„Едвај го чекам мечот. Ќе го нокаутирам Ивандер бидејќи јас сум вистински светски шампион“ – во шега најави Бојл Тинубу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА