Четири ракометарки на Вардар добија покана да настапат за селекцијата на светот на ревијалниот натпревар што ќе се одигра на 21 јуни во Прага, во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.
Во селекцијата на светот која од клупата ќе ја предводи тренерот на Ѓер, Мартин Амбруш, повикани се Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем.
Селекцијата на светот на овој ревијален натпревар ќе игра со комбинираната селекција на ракометарки од Чешка и од Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА