ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн
Никола Ѓуровски
Бобан Николов го запиша својот прв гол во дресот на сениорската репрезентација. И тоа на каков начин…! Еден од најубавите погодови во историјата на македонската селекција. Сето тоа како најава за победата од 0-3 над Лихтенштајн, за конечно ставање точка на претходните резултатски неуспеси.
„Среќни сме што ги освоивме првите бодови. Наша цел беше брзо да постигнеме гол, но иако тоа не се случи останавме мирни и продолживме да напаѓаме. Тешко е да се игра со вакви селекции но игравме добро и мислам дека погодив во вистински момент. Потоа беше полесно и во вториот дел успеавме комплетно да го скршиме отпорот. Македонија покажа дека знае да игра фудбал“ – ни изјави Николов веднаш по дуелот во Вадуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА