Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски со асистенција партиципираше во ремито (1-1) на Јокохама Маринос против Албирекс Нигата во 4. коло од шампионатот на Јапонија.
По двата гола во првите две кола од јапонското првенство, Бабунски сега ја запиша и првата асистенција, учествувајќи во акцијата на единствениот гол за Јокохама на дуелот кој го постигна Квентин Мартинуш во 33. минута. Гостите израмнија во 40. минута за конечни 1-1.
マルティノス強烈ミドル!マリノス先制!#fmarinos pic.twitter.com/clOT0zxLgz
— クローゼ (サッカー観戦用垢) (@klose_1102) March 18, 2017
Бабунски го одигра целиот натпревар за Јокохама, која по четири кола со 7 бода е на делба на втората позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА