Традиционалниот отворен меѓународен турнир во рапид темпо Алкалоид 2017 оваа година собра рекорден број од 198 учесници, од 5 држави. По одиграните девет кола, на врвот на турнирската табела со ист број 7,5 поени се најдоа четворица шахисти: Велемајсторите Петар Дренчев (Бугарија), Милош Перуновиќ (Србија), Интермајсторите Филип Панчевски (член на ШК Алкалоид и актуелен шампион на Македонија) и Златановиќ Борољуб (Србија). Според дополнителн критериум првото место и победничкиот пехар му припадна на Дренчев.
Петтопласиран е Велемајсторот Звонко Станојоски, исто така член на ШК Алкалоид, кој ја предводи групата од 10 шахисти со по 7 поени.
Најуспешна шахистка на турнирот, со освоени 5 поени, е ФИДЕ Мајсторот Моника Стојковска, членка на ШК Алкалоид и прва табла на Македонската женска репрезентација.
Беа доделени и повеќе специјални награди, за најуспешни јуниори по категории, најдобар ветеран над 65 години и други.
Турнирот помина во одлична фер атмосфера, со заедничка порака до организаторот да се продолжи препознатливата традиција. Вкупниот награден фонд изнесуваше 122.000 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА