Одбојкарскиот клуб Пробиштип и официјално го промовираше своето најново засилување за продолжението од домашното првенство, српскиот одбојкар Миодраг Милутинов.
Милутинов, за кого ова е прво интернационално искуство игра на позицијата примач. Претставува огромно засилување за тимот од Пробиштип, на патот кон освојувањето на двојната круна оваа година.
„Среќен сум што сум во Пробиштип, мало но прекрасно гратче и клуб со големи амбиции сезонава. Очекувам да го задржиме првото место на табелата, да стигнеме до титулата во првенство, а да го освоиме и трофејот во Купот“ – истакна Милутинов по промоцијата во новиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
