Македонскиот прволигаш Ренова доживеа пораз (1-2) од босанскиот прволигаш Крупа на пријателскиот натпревар што се одигра во Охрид.
„Гипсарите“ дојдоа во водство во 15.минута со голот на Арџенд Гафури од пенал во 15.минута од средбата, но босанскиот тим направи пресврт до крајот на мечот.
Крупа израмни во 42.минута со голот на Радосав Алексиќ, а триумфот го донесе Никола Дујаковиќ во 68.минута од средбата.
Прволигашот Шкупи беше изненаден од третолигашот Струга Трим Љум и загуби со 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА