Synergy Fitness & Spa веќе две години е синоним за новитети во поглед на физичката активност, релаксација и уживање во Скопје.
Центарот е изграден со модерна и иновативна технологија која воведе нова ера во начинот на вежбање и спортски активности. Целта на Synergy е да им помогне на граѓаните да започнат да водат поздрав и поактивен стил на живеење. Посетителите вежбаат во фитнес сала комплетно опремена со Technogym опрема во која посебен систем за климатизација го прочистува воздухот и ја одржува најпогодната температура за тренирање.
Synergy Fitness & Spa неодамна го прослави својот втор роденден каде посетителите со музика од познатите македонски Dj-и, Dj Кире и Dj Синиша, вежбаа во атмосфера исполнета со забава и дружење. Овие забави ќе продолжат понатаму преку after-work програмата која ќе ја организира Synergy секој петок. На забавата и вежбањето се приклучија и Кокан Ајановски, Елена Бубало, Сара Мејс, Мартин Стефановски и Стефан Филиповски. Ова е нов и уникатен пристап кон модерниот спортски стил каде здравиот начин на живеење е забавен и исполнет со дружења и возбуда.
Деновите за вежбање веќе не се обврска, тие се уникатни и различни, инспиративни и мотивирачки. Synergy Fitness & Spa заедно со Марјана Станојковска, Сара Мејс и Мартин Стефановски се подготвуваат за уште поголема возбуда и нови изненадувања за посетителите.
[new_royalslider id=”498″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА