Во неверојатен меч, Њу Ингланд Патриотс синоќа славеа против Атланта со 34-28 стигнувајќи до својата петта титула во НФЛ лигата.
Мечот беше одбележан од разни приказни, полн емоции, пресврт за историја, и сето тоа заокружено со неверојатно тажната приказна за мајката на Том Брејди. Неговата мајка Галин веќе 11 месеци води битка со тешка болест, па оваа сезона не се појавила на ниту еден натпревар на својот син. Не смеела да биде ниту синоќа во Хјустон, но во ниту еден случај не сакала да пропушти така значаен настан важен за нејзиниот син.
На крајот и уживаше во победата на Том Брејди и неговите „патриоти“…
„Разговарав со Том пред натпревари и му порачав дека мора да го добиеме овој натпревар само за неговата мајка, затоа што знам толку таа е важна за него. Не ја видов цела сезона на ниту еден натпревар, и кога пред мечот ја здогледав ми беше навистина мило“ – истакна по мечот, сопственикот на Њу Ингланд, Боб Крафт и дополни:
„Знаев дека момците ќе играат за неа. Затоа што сите знаат како Том се чувствуваше цела оваа измината година“.
Па, големата победа и самиот Брејди ја посвети на својата мајка…
„Оваа голема победа е само за мојата мајка. Таа ми е се на светот“ – рече Том по мечот. Комплетната фамилија Брејди синоќа уживаше во моментите на славје, иако останува фактот дека деновиве сите живеат, како што велат, со мислите само за Галин…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА