Градот на светлината е еден од кандидатите за домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Французите ја претставија кандидатурата на Париз, помалку невообичаено за нив, официјалниот слоган што беше откриен на Ајфеловата кула е на англиски јазик – „Made for Sharing“ (создадено да делиме)
Англискиот слоган е намерно одбран за да му даде универзален карактер на францускиот проект.
„Сакаме да ја делиме страста за Игрите прославувајќи на стадионите и на улиците“ – изјави потпретседателот на кампањата Париз 2024, Тони Естанге.
Покрај Париз, кандидати за домаќини на Летните олимписки игри во 2024 година се Лос Анџелес и Будимпешта, а одлуката во кој од овие три града ќе се одржи најголемото спортско натпреварување, ќе биде донесена на 13 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА