Мајами долго време се мачеше на почетокот од сезонава, што означи и старт на „новата ера“ во клубот по заминувањето на Двејн Вејд, но „жешките“ сега делуваат како навистина сериозен тим. Впрочем, синоќешниот натпревар со Атланта (116-93) беше вкупно деветта победа во низа за тимот од Флорида, кој делува незапирливо во последните дваесетина дена на кошаркарските терени ширум САД. Словенецот Горан Драгиќ одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи 27 поени, Дион Вејтерс додаде 20, а Вајтсајд оствари нов дабл-дабл, 18 поени и 18 скокови, за продолжување на најдолгата активна победничка серија во НБА во моментов.
„Немаме објаснување. Едноставно, излегуваме на теренот и играме подобро отколку претходно. Не размислуваме за минатото, само сакаме да продолжиме во овој ритам и во иднина“ – изјави Драгиќ.
Голден стејт го совлада Шарлот со 126-111, меч во кој извонредна игра покажа Стеф Кари. Фантастичниот шутер погоди осум тројки од десет обиди само во првото полувреме, за на крајот мечот да го заврши со 11 тројки и вкупно 39 поени за три четвртини, откако последните дванаесет минути ги проследи од клупата а резерви.
Бостон во драматичен дуел славеше над Торонто со 109-104, меч во кој повторно човек на одлука на селтики беше Ајзеа Томас со 19 поени во последната четвртина за вкупно 44 поени во големиот пресврт и триумфот на Бостон над директниот ривал за висок пласман во Источната конференција.
Резултати НБА:
Кливленд – Минесота 125-97, Мајами – Атланта 116-93, Детроит – Њу Орлеанс 118-98, Денвер – Мемфис 99-119, Далас – Филаделфија 113-95, Бостон – Торонто 109-104, Орландо – Индијана 88-98, Феникс – ЛА клиперс 114-124, Јута – Милвоки 104-88, Оклахома – Чикаго 100-128, Голден стејт – Шарлот 126-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА