После одличната сезона во Њукасл, напаѓачот Енди Керол беше ангажиран од Ливерпул во 2011 година за сума од 30 милиони фунти. Сепак, тоа се покажа како погрешен чекор, а Керол потполно разочара и на 58 натпревари, запиша само 11 погодоци. Тој се присети на тој период, додавајќи дека не бил подготвен за трансфер во Ливерпул и морал на интерент да дознае нешто повеќе за своите нови соиграчи.
„Кога со хеликоптер доаѓав кон Ливерпул, морав на телефон да ’гуглам’ и да видам кои играчи се дел од Ливерпул. Го знаев само Џерард и неколку други, го сакав Њукасл и не бев подготвен да си одам. Тоа беше шок за мене. Имав 22 години и не бев подготвен да се пронајдам во Ливерпул. Сепак, тоа е сега далечно минато за мене, бидејќи дојдов во Вест Хем и се чувствувам како дома во мојот сегашен клуб“ – истакна Керол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА