Англискиот премиерлигаш Челси е сериозно заинтересиран за ангажман на чилеанскиот интернационалец Артуро Видал од редовите на Баерн Минхен. Менаџерот на „сините“, Антонио Конте, одлично ги познава квалитетите на Видал од периодот кога тој го носеше дресот на Јувентус, и би сакал да има таков „воин“ во средниот ред на Челси. Овој трансфер се подготвува за летниот преоден рок, а Челси би платил сума од 56 милиони фунти, информираат медиумите на Островот.
Оваа понуда е секако вредна за разгледување ако се знае дека Баерн Минхен пред две години плати 25,5 милиони фунти за да го купи Артуро Видал од Јувентус. Тоа значи дека германскиот клуб би заработил двојно од продажбата на Чилеанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА