Крилниот офанзивец на Вардар, Јасир Асани во следните шест месеци ќе ги мине во редовите на Шкупи како позајмен фудбалер од редовите на актуелниот шампион.
Асани и Шкупи денеска и официјално се договорија за меѓусебна соработка до крајот на сезоната откако претходно младинскиот репрезентативец на Албанија не се најде на списокот на Гоце Седлоски за пат со „вардарци“ на подготовките во Анталија.
„Имав понуди и од многу други клубови, но од најмали години желбата ми беше да играм за Шкупи поради неговите најверни навивачи. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот во пролетниот дел од шампионатот“ – вели Асани.
Асани е петтото засилување за Шкупи во овој преоден рок, по Седат Бериша, Бунјамин Шабани, Бурхан Мустафа и Фатих Исмаил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА