Актуелниот англиски шампион, Лестер, оваа сезона прикажува катастрофални резултати во Премиер лигата, па по последниот пораз од Саутемптон падна на 15. позиција на табелата. Иако ги задржа Варди и Марез, воедно и се засили со неколку одлични фудбалери, тимот на Клаудио Раниери сепак е далеку од посакуваната форма, па наместо битка за горниот дел од табелата, сезонава го очекува ботба за опстанок.
„По обичај, знаевме дека силните клубови ќе се ’гладни’ за освојување на титулата и дека ќе биде тешко. Минатата сезона беше магична, како приказна, но оваа година сме во реалноста. Сигурно е дека ќе биде тешко оваа сезона за нас. Оваа е прва сезона на тимот во Лигата на шампионите и приоритет е да го продолжиме настапот во ова натпреварување“ – истакна Раниери.
Добра вест за „лисиците“ е што Алжир експресно беше елиминиран од Купот на Африкански Нации, па Ријад Марез и Ислам Слимани веќе во текот на оваа седмица повторно ќе му се стават на располагање на Раниери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА