Ристо Клопчески во вториот дел од регуларниот тек на сезоната во домашното одбојкарско првенство ќе го носи дресот на тетовски Лешок. Репрезентативниот среден блокер одлучи да ги замени клупските бои по половина сезона мината во дресот на одбојкарскиот клуб од Скопје, Вардар.
Покрај Клопчески за Лешок во пролетниот дел на сезоната ќе настапуваат и Ристе Андреевски (поранешен играч на ОК Југохром), Симон Зафироски (Југохром/Лешок), Зоран Ѓорѓевски, Филип Блажоски и Марко Михајловски.
„Се надеваме дека со постоечкиот одбојкарски кадар, новите засилувања, како и добри подготовки, ќе бидеме спремни да јуришаме на шампионската и на куп – титулата“ – кратка и јасна е пораката на раководството на тетовчани.
Во моментов, Лешок се наоѓа на петтото место на табелата во домашното првенство, едно место подолу е актуелниот шампион Шутова. На првото место сигурни се Струмица и Пробиштип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА