Најдобриот македонски атлетичар на средни и долги патеки, 19-годишниот Дарио Ивановски на извонреден начин ја почна новата 2017 година, соборувајќи државен рекорд на 3.000 метри стар 23 години во сопственост на Трпе Мартиновски.
Ивановски настапи на 3.000 метри на атлетскиот митинг во сала во Белград, кој се одржа во новата атлетска сала во главниот град на Србија каде следниот месец ќе биде одржано Европското првенство. Македонскиот атлетичар истрча со време од 8:28.59 минути, што е нов македонски рекорд, за цели 8 секунди подобро постигнување од она на Трпе Мартиновски од митингот во Софија, Бугарија, во 1994 година.
Одличните подготовки во изминатите два месеци, под палката на неговиот тренер Игор Јакимовски, дадоа одлични резултати за Ивановски на почетокот од новата сезона, токму непосредно пред неговите настапи на Балканското и Европското првенство кои го очекуваат следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА