Ракометарките на Вардар со пораз го стартуваа настапот во новоформираната Регионална лига, откако загубија од Будуќност со 30-29. Првиот турнир од оваа лига се игра во Подгорица, а покрај „вардарки“ и Будуќност дел од ова регионално натпреварување се уште и Подравка и Крим Меркатор.
И двата тима одиграа под своите можности, меѓу другото и поради желбата на тренерите да „сокријат“ дел од тактиката пред меѓусебниот дуел во ЛШ на крајот од месецов, кој сигурно ќе биде од далеку поголемо значење. Резултатот по првото полувреме беше израмнет (16-16), Будуќност се одлеппи на десетина минути до крајот поведувајќи со четири гола разлика (30-29), по што „црвено-црните“ успеаја само да се приближат, не и да стигнат барем до бод на ова дерби во регионалната лига.
Вардар настапи на оваа средба со следниот состав: Радичевиќ 2, Кликовац, Херем 2, Мавсар 2, Дамњановиќ 3, Лејно, Лазовиќ 4, Алтхаус, Илина, Пенезиќ 6, Човиќ 4, Лакрабер, Хмирова 2, Лекиќ 3, Песоа, Ристовска 1.
На првиот натпревар од овој турнир на ВРХЛ лигата, изненадувачки Подравка со 30-21 го победи Крим Меркатор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА