Јувентус не сака ниту да слушне за продажба на својот „бисер“, Пауло Дибала, кој по доаѓањето од Палермо стана миленик на навивачите на „старата дама“. Негова цел е да стане најдобар во светот, а интересот од големите европски клубови му оди во прилог.
„Моја цел е да станам најдобар во светот. Тренирам напорно секој ден и на ништо друго не сум фокусиран. Се смешкам на интересот од останатите екипи, но и тоа ме поттикнува да продолжам во исто темпо. Интересот ми оди во прилог и ми дава уште поголема самодоверба“ – истакна Дибала.
Аргентинскиот репрезентативец пристигна во Јувентус во 2015 година, потпишувајќи петгодишен договор кој го обврзува до 2020 година. Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона веќе подолго време ги следат неговите настапи, со голема желба да го видат Дибала во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА