Во ноември минатата година Линдзи Вон заработи скршеница на десното рамо која ја оддели од скијачките терени. На американската скијачка и беше извршена операција и предвиден период на рехабилитација од најмалку три месеци.
Сепак Вон побрзо ја заврши рехабилитацијата и нема да пропушти повеќе етапи од тековната сезона во аплско скијање. Четирикратната освојувача на Светскиот куп ќе се врати на терените наредната седмица, на спустот во Алтенмаркт, Австрија.
„Не постојат зборови со кои ќе можам да опишам колку сум возбудена што им се враќам на терените веќе наредната седмица. Му се враќам на скијањето на место каде имав одличен успех во минатото. Испуштив неколку трки, но се надевам дека ќе се вратам подобра од порано и ќе се вмешам во борбата за Светскиот куп“ – истакна Вон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА