Македонци од сите страни на Европа се собираат попладнево во Мец за да им дадат поддршка на нашите ракометари на дуелот со Тунис. Меѓу другите, пристигнаа и членовите на „фалангата“ од Швајцарија, верни фанови на нашиот национален тим кои насекаде ги следат ракометарите при меѓународните натпреварувања.
„Дојдовме на неколку дена, ќе го гледаме и натпреварот в понеделник, па се враќаме назад. Ќе гледаме три меча, се надеваме барем на две победи“ – порачуваат Македонците од Швајцарија.
Нашите навивачи се свесни дека противникот ќе има поголема поддршка од трибините, но не се премногу загрижени поради тоа. Впрочем, ривалството е пријателско, па имаше и фотографирање пред мечот.
„Не е важно колку сме, до крај ќе ги бодриме нашите ракометари. Не е проблем што сме помалку, само на крајот да се радуваме“ – порачуваат македонските навивачи од Швајцарија, на кои потоа им се приклучија и фановите кои дојдоа од Скопје, како и од останатите делови на нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА