Одбојкарската федерација на Македонија одново ќе биде организатор на еден од турнирите во рамки на Европската лига. Натпреварите од еквивлентот на Светската лига на Стариот континент ќе се одиграат на два турнири, а Македонија ќе биде организатор на првиот турнир од групата А додека вториот ќе биде организиран од страна на Албанија, вториот противник со кого македонските репрезентативци ќе си ги одмерат силите покрај Шведска.
Македонија ќе го организира првиот турни кој ќе се одигра во периодот од 16. до 18. јуни. Една седмица подоцна македонските репрезентативци ќе заминат за Албанија (23-25 јуни).
Финалниот турнир ќе се одигра првиот викенд од јули (1-2.) и оваа година ќе се одржи во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА