На Светските Првенства во фудбал во иднина ќе учествуваат по 48 национални селекции, почнувајќи од Светското Првенство во 2026 година. Оваа одлука денеска ја донесе Советот на ФИФА, и тоа едногласно поддржувајќи го предлогот на претседателот Џани Инфантино, кој уште при својата кандидатура најави проширување на мундијалите.
Најавите на оваа тема се појавија уште пред неколку месеци, но денеска стигна и официјална потврда – па така 48-те селекции ќе бидат поделени во 16 групи од по три репрезентации. Најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, а на овој мундијал ќе бидат одиграни вкупно 80 натпревари, што е за 16 повеќе во однос на досегашните светски првенства.
„Мило ми е што беше поддржана иницијативата на Џани Инфантино, бидејќи со неа им се овозможува на селекциите кои досега не ни сонувале за настап на СП да имаат реална шанса да стигнат до еден фудбалски мундијал“ – изјави легендарниот Диего Армандо Марадона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА