Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ги разреши дилемите околу иднината на двајцата фудбалери кои подолг период се повредени, но, сепак се многу значајни за „топчиите“, Санти Казорла и Пер Мертесакер. Клубот одлучи да им понуди нови договори.
„Имаме опција да ги продолжиме договорите со двајцата и тоа ќе го сториме. Пред се поради нивните квалитети како фудбалери, но и поради нивните човечки вредности. Такви фудбалери ни се потребни, затоа што мораме да имаме баланс меѓу младоста и искуството во нашиот тим“, изјави Венгер.
Французинот ќе се обиде на „Емирати“ да ги задржи и двете најголеми ѕвезди, Месут Озил и Алексис Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА