Се погласни се информациите дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоин Гризман ќе се пресели во редовите на Манчестер јунајтед од јуни 2017.
Според пишувањата на англиските медиуми, Јунајтед понудил неверојатни 220.000 фунти неделна плата за Гризман. Тоа наводно е официјално соопштено на агентите на Гризман, а Мурињо е подготвен покрај парите на Атлетико да му го понуди и Мемфис Депај.
Покрај тоа, една од главните цели на „црвените ѓаволи“ во зимскиот преоден роке Костас Манолас од Рома, а во јануари се шпекулира дека ќе следи и враќањето на Патрис Евра од Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА