Џон Оби Микел е уште еден фудбалер од Челси кој се сели во кинеската Супер лига, откако и официјално е објавен потписот со Тианјин Теда.
Само пред една недела Оскар се пресели од „Стемфорд бриц“ во Шангај за договор од 60 милиони фунти, а сега Микел по 10 години престој во Челси заминува во Кина. Микел има 374 настапи за Челси зад себе, со освоени 11 трофеи, но не успеа да се наметне кај Антонио Конте сезонава. Па, сега понудата од неделна плата од 140.000 фунти од Тианјин Теда не можеше да ја одбие.
„Како што знаете не добив баш најдобра шанса сезонава во Челси, а со своите 29 години се уште имам уште многу години фудбал пред мене. Па, почувствував дека сега е време за нов предизвик. Тианјин Теда инсистираа на ангажман, кинеската лига доживува се поголема раст па знам дека ова е исправен потег. Благодарам на Челси и господинот Абрамович за одличните години, секогаш ќе биде клуб кој најмногу ќе го сакам“ – напиша во своето обраќање до јавноста Џон Оби Микел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА