Фудбалерот на Манчестер сити кој е на позајмица во Севилја, Самир Насри се соочува со четиригодишна суспензија поради кршење на антидопинг правилата.
ВАДА инстистира на нова истрага околу тоа дали Насри ги прекршил правилата за време на новата терапија. Насри е под истрага на шпанската агенција откако минатиот месец ја посети клиниката „Дрип докторс“ во Лос Анѓелес каде беше подвргнат на посебна интравенозна терапија.
Во Сити, пак, тврдат дека Севилја сега треба да ги решава овие проблеми во кои е западнат Насри, но во случај на максимална суспензија и англискиот клуб ќе биде погоден. „Граѓаните“ планираат Стивен Н’Зонзи, одличниот дефанзивец на Севилја, да го заменат за Насри, но очигледно е дека сето тоа ќе пропадне доколку Французинот биде прогласен за виновен.
Во Севилја се сигурни дека нивниот играч е чист. ВАДА, како што е познато, забрани интравенозни терапии, освен во случај на гаранција дека во текот на шестчасовниот период нема да бидат вбризгани повеќе од 50 милилитри супстанца. Или, сето тоа да се реализира со специјална дозвола поради здравствената состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА