Фудбалот е слабост и за диктаторите: За кои клубови навивале Ким Џонг Ун, Сталин, Гадафи…

Фудбалот е слабост за секој човек на планетава… Тоа ште еднаш докажува дека е еден од најпопуларните спортови во светот. Имуни на тоа не биле и не се и најпознатите и најсурови диктатори во светот. Адолф Хитлер бил до фанатизам навивач на Шалке 04, Ким-Џонг Ун, пак, постојано го следи Манчестер јунајтед…

АДОЛФ ХИТЛЕР

Додека Хитлер бил на власт, Шалке 04 бил првак на Германија шестпати во периодот од 1934 до 1942 година. Следната шампионска титула, Шалке ја освои во 1958 година, воедно и последна во клупската историја.

НИКОЛАЕ ЧАУШЕСКУ

Во неговата ера, Стеауа Букурешт беше фудбалска сила во Европа и шестпати ја освои титулата во Романија и тогашниот КЕШ во 1986 година. Тој забрани трансфер на играчи во странство, а членовите на клубот секогаш беа почесни гости во кабинетот на Чаушеску.

БЕНИТО МУСОЛИНИ

Познатиот италијански диктатор, Бенито Мусолини бил жесток навивач на Болоња. За време на неговото владеење, клубот бил шестпати шампион на Италија, а на стадионот биле забележани и фашистички симболи. На многу од натпреварите, присуствувал и самиот Мусолини.

ЈОСИФ СТАЛИН

Сталин бил голем љубител на фудбалот, а омилен клуб му бил ЦСКА Москва. После поразот од Југославија на Олимписките игри во 1952 година, Сталин ги испратил сите играчи на клубот во ГУЛАГ (Генерален директорат на логори и затвори).

МУАМАР ГАДАФИТој бил голем навивач на Ливерпул. Откако бил симнат од власта, во неговата резиденција бил пронајден шал кој ги имал симболите на тимот од „Енфилд“.КИМ ЏОНГ-УН

Врховниот водач на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун е голем љубител на игрите на премиерлигашот Манчестер јунајтед. Негов омилен играч е напаѓачот Вејн Руни.

ФИДЕЛ КАСТРО

Покојниот кубански лидер, Фидел Кастро, бил голем фудбалски фанатик на Арсенал. Тој ги следел натпреварите на тимот од Лондон, од далечната 1970 година.

Се вчитува...