Кокелан паузира најмалку три седмици

Арсенал во наредните три седмици ќе биде без услугите на фудбалерот за врска, Френсис Кокелан. Тој заработи повреда на препоните на мечот против Бурнемаут и ќе мора да паузира најмалку дваесетина дена.

Кокелан само ја зголеми „болницата“ во Арсенал. Менаџерот Арсен Венгер во моментот не може да смета и на Санти Казорла, Пер Мертезакер, Дани Велбек, како и Тео Волкот и Месут Озил.

 

Се вчитува...