Лошите резултати на Хал сити и последната позиција на табелата во Премиер – лигата беа причина раководството на клубот да му даде отказ на менаџерот Мајк Фелан. Тој дојде на кормилото на овој тим минатото лето, наследувајќи го Стив Брус, но не успеа да создаде компактен тим кој со успех ќе освојува бодови во англиската елита.
По 20 одиграни натпревари, Хал сити е на самото дно со само 13 освоени бода, па челниците на клубот мораа да направат промена.
Мајк Фелан во минатото беше асистент тренер во Манчестер јунајтед и многу почитуван стратег, но не успеа да се снајде во редовите на Хал сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА