Менаџерот на Челси, Антонио Конте, сака да ја засили одбраната на својот тим во зимскиот преоден рок и подготвен е да плати фантастични 70 милиони евра за ангажман на дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дајк. Тој е еден од најбараните одбранбени фудбалери во Премиер – лигата, а Конте откако не успеа да го купи Леонардо Бонучи од Јувентус, сега своето внимание го насочи токму кон Холанѓанецот.
Ван Дајк има 25 години и веќе е докажан во англискиот шампионат, па нема да му претставува проблем аклиматизацијата на „Стемфорд бриџ“. За него интерес покажуваа и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Евертон, но, сепак, понудата на Конте сигурно ќе биде сериозно разгледана од Саутемптон, кој има традиција да ги продава своите најдобри фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА