ЕКИПА на ЕП 2018 во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Европската ракометна федерација ЕХФ донесе одлука за промена на сопствените правила, па наместо три репрезентации, директен пласман од ЕП 2018 за следниот ракометен мундијал ќе има само една национална селекција. Данска и Германија се домаќини на СП 2019 и доколку една од овие селекции стане европски првак, тогаш пласман на мундијалот ќе добие следната репрезентација според конечниот пласман.
Сепак, голем дел од делегациите се изненадени од ваквиот потег, со оглед на досегашната пракса од ЕП на СП да одат по трите најдобри репрезентации.
„Правилата на ЕХФ велат дека и во машка и во женска конкуреннција, по три репрезентации од европските првенства ќе одат на мундијалите следната година. Сега сакавме да ја провериме оваа информација, да добиеме потврда, но ЕХФ ни соопшти дека е дојдено до промена, па сега само најдобрата селекција ќе се пласира директно на СП“ – изјавија од словенечката делегација.
Ова практично значи дека дуелот за петтото место, кој е закажан за петок, ќе нема апсолутно никакво значење.
Ждребот за баражите за СП 2019 ќе се одржи в сабота во 16 часот во Загреб, а Македонија ќе биде меѓу носителите при тоа извлекување, благодарение на пласманот во втората рунда од овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА