Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот донесе неколку интересни одлуки кога станува збор за заминувања и пристигнувања ова лето од клубот, по сезоната која не е баш за паметење.
Ливерпул го сака играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, на „Енфилд“ ова лето, но јасно е дека тој нема да биде единственото засилување.
Имено, Алисон Бекер е еден од играчите кои ќе го напуштат Ливерпул ова лето. Најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Јувентус.
Алисон е „интригиран“ од можноста да игра за Јувентус, кој веќе му понуди двегодишен договор со опција за продолжување за уште 12 месеци.
Ливерпул веќе почна да бара нов голман бидејќи не се убедени дека Мамардашвили би можел да преземе целосна одговорност по заминувањето на Алисон.
Според англиските информации, Слот донел одлука да го доведе најдобриот голман во светот, Емилијано Мартинез.
Се работи за голман кој го освои Светското првенство со Аргентина и е еден од најдобрите во тимот на Астон Вила.
Тој има 33 години и многумина го сметаат за најдобар голман во светот, а би можел да ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
