Лино Червар сосема извесно се повлекува од кормилото на хрватската репрезентација по неуспехот на ЕП 2018 и загубената шанса за битка за медал на шампионатот.
Хрватска по синоќешниот пораз од Франција не успеа да обезбеди полуфинале и ќе се бори за 5. место на ЕП против Чешка.
„Имав договор до крајот на ЕП па не е сигурно дали и натаму ќе ја водам репрезентацијата. Но, што и да се случи треба да се даде поддршка на ракометот, на репрезентацијата и на играчите по ова ЕП. Не смееме да застанеме на сите оние медали од минатото, убеден сум дека хрватскиот ракомет ќе ги најде вистинските луѓе. Хрватска и нејзиниот ракомет имаат иднина и без мене. Ни треба селектор зад кого ќе застанат буквално сите. Ја водев Хрватска 166 пати, ги сакам овие играчи и репрезентацијата и секогаш ќе ги поддржувам и ако не бидам селектор“ – вели Червар по огромното разочарување кое Хрватите го доживеаја со поразот од Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА