Штербик итно повикан на ЕП во Хрватска, Шпанија сака „злато“

Голманот на РК Вардар, Арпад Штербик, доби итен повик од селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, да се приклучи на „црвената фурија“ за полуфиналниот дуел против Франција на Европското првенство во Хрватска. Оваа одлука на селекторот Рибера уследи поради повредата на Гонзало Перез де Варгас.

Тој ги повреди лигаментите на десното колено, а Шпанија не сака ништо да ризикува и Рибера го повика Арпад Штербик. Како што истакнуваат шпанските медиуми, голманот на Вардар итно отпатувал за Загреб и попладнево треба да пристигне во главниот град на Хрватска.

 

Се вчитува...